Петар Костовски е нов државен првак во пинг-понг до 21 година

Членот на Универзитетот „Гоце Делчев" од Штип, Петар Костовски е победник на државното првенство за пинг-понгари до 21 година.

Штипјанецот ја продолжи својата серија на одличја, почнувајќи од пионерска конкуренција, па до ден-денес.

Веќе в сабота во организација на клубот Нец Телеком во Скопје ќе се одржи силен турнир со богат фонд на награди.

Пролетниот дел во екипната Суперлига ќе започне на 25 февруари.