Отворен првиот тренинг центар за пинг-понг во Скопје

Вчер во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во Општина Центар, Скопје започна реализацијата на планот на пинг-понгарската федерација за омасовување на пинг-понгот во државата. Отворен е првиот тренинг центар кој претставува соработка на основните училишта и пинг-понгарската федерација.

За отворен центарот го прогласи градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ. На отворањето присуствуваа беа и претставниците на општина Центар од секторот за спортски активности. Пинг-понгарската федерација на оваа манифестација беше претставувана од Горан Тиловски, претседател на федерацијата и Зоран Филиповски - претседател на надзорниот одбор на пинг-понгарската федерација.

Ова претставува прв чекор од проектот за популаризација на пинг-понгот во државата. Вакви тренинг центри ќе бидат отворени во неколку градови низ државата.