Огромен интерес за пинг-понгарскиот турнир „Самсунг 2018“

На 16 декември во спортскиот центар „Форца“ во Скопје ќе се одржи третиот турнир во пинг-понг „Самсунг 2018“. Турнирот е интернационален, а како организатори се јавуваат ППФМ и пинг-понгарскиот клуб Телеком НЕЦ од Скопје.

Сите играчи без разлика дали се професионални играчи или рекреативци веќе се пријавуваат за учество на турнирот.  Играчите во машка конкуренција ќе бидат поделени во четири категории: апсолутна, 40+, 49+ и 59+. Во женска конкуренција натпреварувачките ќе се натпреваруваат само во една, апсолутна категорија.

За победниците во сите категории од страна на организаторот и спонзорите обезбедени се пригодни награди.