• Александар Ковачев
Во Кавадарци во салата „Јасмин“ се одржа државното поединечно првенство во пинг-понг за лица со инвалидност. Целиот настап беше организиран од НФСРИМ - Македонски Параолимписки Комитет. На првенството натпреварувачите се натпреваруваа во четири категории и притоа беа постигнати следните резултати:
Жени
Категорија 6-10
1. Лилјана Мицовска -Кочани
2. Олга Ристовска - Скопје
3. Наташа Црвенковска - Битола
Мажи
Категорија 3-5 (колички)
1. Муштеба Амети - Охрид
2. Зоран Јовановски - Струмица
3. Илчо Кангов - Гевгелија
Мажи
Категорија 6-8
1. Рубинчо Ристески - Прилеп
2. Тони Митровски - Скопје
3. Игорчо Постолов - Струмица
Мажи
Категорија 9-10
1. Страшко Коцевски - Куманово
2. Небојша Ташиќ - Куманово
3. Митко Сотироски - Охрид
Целото првенство помин а во добра атмосфера за што заслужни се домаќинот и организаторот НФСРИМ-МПК, а целото мото на турнирот беше спортскиот дух и другарството помеѓу натпреварувачите.