Одржан првиот Телеком Мастерс во пинг-понг до 12 и 19 години

Викендов во Берово е одржа првиот бодовен турнир Телеком Мастерс во пинг-понг во конкуренција за момчиња и девојчиња до 19 години. На турнирот учество зедоа 19 девојки и 31 момчиња:

Мажи:
1. Александар Јакимовски –  ППК Крива Паланка
2. Лука Стојчев – ППК Шампион Фа
3. Теодор Волкановски – ППК Крушево
3.   Нико Доага – ППК Крушево

Жени:
1. Ана Стојановска – ППК Крива Паланка
2. Васе Богоевска – ППК Крушево
3. Софија Хасану – ППК Крушево
3.   Катерина Лаура Михајлов  - Телеком Нец 2
 
Во конкуренција до дванаесет години настапија дванаесет девојки и осум момчиња. Победници на турнирите беа:

Мажи:
1. Кристијан Каламадевски – ППК Зегин Берово
2. Леонид Гидалов – ППК Студент
3. Мартин Ристески – ППК Младост 96
3. Давид Јоноски – ППК Младост 96

Жени:
1. Моника Стајковска – ППК Зегин Берово
2. Матеја Смолиќ – ППК Рисови
3. Сара Ризовска – ППК Зегин Берово
3. Лена Гидалова – ППК Студент