Одржан првиот пинг-понг турнир за момчиња и девојчиња до 11 години

Овој викенд и официјално започнаа натпреварите во новата категорија која што ја воведе ППФМ во јануари 2023 година, а тоа е категоријата за деца помлади од 11 години. Оваа категорија се воведе со цел да се посвети повеќе внимание на младите таленти и да се мотивираат уште од рани години. 

На турнирот Телеком Мастерс 1 У11 што се одржа за првпат во Прилеп учествуваа околу триесетина нови таленти од кои првите места ги освоија следните:

Мини-кадети:
1. Кристијан  Митев (ППК Пелагонија, Битола)
2. Андреј Бејковски (ППК Пелагонија, Битола)
3. Јован Пармачки  (ППК Зегин Берово, Берово)
3. Дарис Мемиќ       (ППК Патриоти, Велес)

Мини кадетки:
1. Љубица Смилевска (ППК Крушево, Крушево)
2. Елена Маркоска       (ППК Крушево, Крушево)
3. Ана Смолиќ              (ППК Рисови, Скопје)
3. Натали Бејковска     (ППК Пелагонија Битола)

Исто така се играа и регуларните турнири Телеком Мастерс 1 во категорија до 19 и до 13 години.

Јуниори:
1. Нико Доага              (Младост, Прилеп)
2. Борис Секулов        (Астраион, Струмица)
3. Даниел Главевски  (Пелагонија, Битола)
3. Лука Стојчев.          (Шампиони ФА, Штип)

Јуниорки:
1. Софија Хасану        (Младост96, Прилеп)
2. Сара Стојановска.  (Крива Паланка, Крива Паланка)
3. Емилија Маркоска  (Младост96, Прилеп)
3. Изабела Ковачевска  (Зегин Берово, Берово)

У13 (мажи):
1. Кристијан Каламадевски (Зегин Берово, Берово)
2. Трајче Маркоски (Младост, Прилеп)
3. Мартин Ристески (Младост96, Прилеп)
3. Кристијан Митев  (Пелагонија, Битола)

У13 (жени):
1. Моника Стајковска (Зегин Берово)
2. Матеја Смолиќ (Рисови Скопје)
3. Сара Ризовска (Зегин Берово, Берово)
3. Лена Гидалова (Рисови Скопје)

Наредната недела се продолжува со Телеком мастерсите за У15 и сениорскиот втор Телеком мастерс.