Одржан пинг-понг тренинг камп во Берово

Деновиве во Берово се одржа пинг-понг тренинг камп на кој учествуваа најдобрите двајца во машка и женска конкуренција во категориите до 11, 13, 15 и 19 години. Покрај тренерите ангажирани од федерацијата, кампот го водеше менаџерот за развој на Меѓународната пинг-понг федерација (ИТТФ) Мохамед Алтоум.

Овие кампови станаа пракса која ја спроведува федерацијата, а со цел обезбедување на тренинг процес кој треба да помогне на самите учесници и на тренерите во текот на сезоната.

Овој камп доаѓа по семинарот за тренери кој исто така се одржа во Берово, а пред почетокот на Меѓународниот натпревар која ќе се одржи во Скопје од 5 до 9 септември каде што уество ќе земат дел од учесниците на кампот.