Одржан Меморијалниот пинг-понгарски турнир „Кире Велков“ во Струмица

Изминатата недела се одржа вториот Меморијален турнир во пинг-понг во чест на Кире Велков. Турнирот помина во пријатна спортска атмосфера со гости од Србија и Бугарија, со што од оваа година доби карактер и на меѓународен турнир.

На турнирот беа доделени признанија на првата машка екипа  во Струмица која за прв пат во сеозна 1983/84 освојува пехар во јуниорска конкуренција. Екипата е составена од следниве играчи?

1. Горан Тошев (член на пионерска репрезентација на Македонија и учесник на Државни првенства во Југославија за младинци. Во 2000 година под покровителство на Општина Струмица е избран за спортист на милениумот  )
2. Ристо Танушев
3. Горан Југовски
4. Љамо Спасов
5. Ѓорги Поцков

Оваа екипа (во тоа време името на клубот е СТК Југотекс) под водство на Ѓорги Поцков во 1984 година учествуваше на Државно екипно првенство во Осијек и е единствен македонски претставник на оваа првенство што претставуваше прв најголем успех на пинг-понгот во Македонија. Исто така признание беше доделено и на Ѓорѓи Ѓотев - голем пинг-понгарски талент и прв играч повикан на подготовки со јуниорската репрезентација на Југославијаа.

Плакета за долгогодишна и успешна соработка беше доделена на
1. Михаил Габелоски - ППК Крушево
2. Мики Трендафиловски - ППК Куманово

Плакета за поддршка и унапредување во пинг-понгот беше доделено и на градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, како и на претседателот на Пинг-понгарската Федерација, Горан Тиловски.

Постигнати се следниве резултати:
Кадетки:

1. Фани Јовановска
2. Матеја Смолиќ
3. Моника Стајковска
3. Сара Ризовска

Јуниори:
1. Даниел Главевски
2. Нико Доага
3. Борис Секулов
3. Лука Стојчев

Сениорки:
1. Амелија Николов
2. Ива Димитриевска
3. Изабела Ковачовска
3. Емилија Марковска

Сениори:
1. Драган Ѓорџевиќ
2. Петар Костовски
3. Антонио Стомнаровски
3. Драгомир Драганов