Одличен старт на македонски пинг-понгари на Балканскиот шампионат во Албена

Во Албена, Бугарија од 23 до 27 јуни се одржува Балканското првенство во пинг-понг за јуниори и кадети. На Балканското првенство учествуваат единаесет од дванаесет држави членки на Балканската пинг-понгарска федерација.

Македонската репрезентација на првенството учествува со комплетен составв на младинските репрезентации со десет натпреварувачи и двајца тренери. Првиот ден на првенството е резервиран за екипните натпреварување. После натпреварите во групи три од четири екипи на Македонија ги продолжуваат натпреварите во четвртфиналето. Единствено пласман не обезбедија кадетите кои завршија на четврто место во групата.

Посебно интересен натпревар одиграа кадетките кои во одлучувачкиот натпревар во групата со 3-2 го совладаа Косово. Нашите кадетки Изабела Ковачовска и Софија Хасану, после маратонски меч кој траеше три часа, обезбедија победа од 3-2 и пласман понатаму, покажувајќи огромна борбеност и пример како се гине за националниот дрес.

Јуниори:
Македонија - Србија 0-3
Македонија - Албанија 3-0
Јуниорки:
Македонија - Турција 0-3
Македонија - Албанија 3-0
Кадети:
Македонија - Турција 0-3
Македонија - Србија 0-3
Македонија - Грција 0-3
Кадетки:
Бугарија - Македонија 3-0
Македонија - Косово 3-2