• Зоран Мишевски

Нашите пинг-понг репрезентативци до 12 години, Кристијан Каламадевски од ППК Зегин Берово и Матеја Смолиќ од ППК Рисови учествуваа на Медитеранскиот Куп во Биела. Екипата ја водеше селекторот Сашко Богатинов. Двајцата пинг-понгари настапија во две категории - екипнои поединечно.
Во поединечна конкуренција Кристијан Каламадевски не успеа да се пласира на главната табела, меѓутоа во групата имаше добри резултати и една победа во групата. По разигрувањето го освои 28. место на турнирот од 40 учесници.
Во женска поединечна конкуренција Матеја Смолиќ го освои првото место во групата и се пласира на главната табела на турнирот. Таа загуби во следното коло со минимална разлика од 3-2. На крај го освои 17. место на турнирот од 34 учеснички.
Во тимската конкуренција нашите натпреварувачи не успеаја да се пласираат на главната табела со една победа и два загубени натпревари во групата. По разигрувањето тие го освоија 24. место од 34 екипи.
Македонските пинг-понгари достојно ја претставија државата и се бореа до последен поен.