Одиграни ТОП 8 турнирите во пинг-понг во Крушево и Штип

Овој викенд се изиграа уште два од најтешките натпреварувања во пинг понг ТОП 8 турнирите во сениорска конкуренција и конкуренција помлади од 15 години.

Во саботата во Крушево се одигра во машка конкуренција славеше Александар Јакимовски од ППК Крива Паланка, кој со само 5 поени разлика пред Лука Стојчев од ППК Шампион Фа успеа да стане шампион на Македонија во категорија У15. Третото место на овој турнир го освои Филип Ангела од ППК Пелагонија.

Кај девојките првото место го освои Изабела Ковачовска од ППК Зегин Берово пред Фани Јовановска од ППК Крушево и со тоа со убедлива предност на ранг листата стана Шампионка на Македонија за сезона 2021/22 во категорија У15. Третото место на овој турнир го освои Софија Хасану од ППК Крушево.

Во неделата во Штип се одржа ТОП 8 турнир во сениорска конкуренција. Победник во машка конкуренција беше Петар Костовски од ППК Младост 96. Второто место го освои Филип Младеновски од ППК Шампион Фа и со освоените поени стана шампион на Македонија за сезона 2021/22 година. Третото место му припадна на Антонио Стомнароски од ППК Младост 96.

Кај жените победи Амелија Николов од ППК Шампион Фа и со овие поени стана и Шампионка на Македонија со убедлива предност на ранг листата за сезона 2021/22. Второто место го освои Бојана Михајловска од ППК Рисови а третото место го освои Билјана Младенова од ППК Шампион Фа.