Одиграни квалификациските натпревари од јуниорската лига во пинг-понг

Играчите во јуниорска конкуренција за првпат имаа можност да се натпреваруваат во ваков формат на натпреварување во рамките на македонските пинг-понг лига натпреварувања. Со исклучок на три екипи кои поради оправдани причини не присуствуваа на натпреварувњето сите останати екипи настапија во своите најсилни состави од подмладокот на нивните клубови.

Првите две екипи од секоја група во недела на први ноември ќе учествуватат во финалните натпревари за борба од прво до осмо место, додека останатите екипи ќе се натпреваруваат во групата на утешни натпревари за борба од деветто до шеснаесетто место. Кај јуниорките настапија пет екипи, една екипа не присуствуваше на квалификаците, но за финалните натпревари сите шест екипи во зависност од пласманот на квалификациите учествуваат во ждребот за финалните натпревари.

Резултати:
Јуниорска лига РЕГИОН 1
Група 1 - Јуниори

Топспин Плус - Куманово 3-0
Рисови - Шуто Оризари 3-0
Рисови - Топспин Плус 2-3
Шуто Оризари - Куманово 0-3
Куманово - Рисови 3-1
Топспин Плус - Шуто Оризари 3-0 (службено)

Група 2 - Јуниори
Винспин - Крива Паланка 3-0
Зегин Берово - Шампион Фа 1-3
Зегин Берово - Винспин 0-3
Шампион Фа - Крива Паланка 2-3
Крива - Паланка - Зегин Берово 3-1
Винспин - Шампион Фа 3-2

Јуниорки
Рисови - Зегин Берово 2-3
Крива Паланка - Рисови 3-0
Зегин Берово - Крива Паланка 1-3

Јуниорска лига - РЕГИОН 2
Група 1 - Резултати

Младост 96 - Астраион Мега спин 3-1
Екипата на ППК Струмица од Струмица не присуствуваше

Група 2 - Јуниори - Резултати
Крушево - Младост 96 - 2  3-0
Крушево - Градба Промет 3-0
Градба Промет - Младост 96 - 2  1-3
Екипата на ППК Евроспин од Битола не присуствуваше

Јуниорки
Струмица - Крушево 0-3
Екипата на ППК Астраион Мега Спин од Струмица не присуствуваше