Одигран третиот турнир во елитата, Крива Паланка 2007 на чело на табелата

Во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје екипите кои се натпреваруваат во Суперлигата и Првата лига во пинг-понгарското првенство го имаа своето трето соочување, одигрувајќи ги натпреварите од четвртото и петтото коло.

Во Суперлигата Крива Паланка 2007 на своето конто додаде уште две сигурно победи и го искористи отсуството на бранителот на титулата Младост 96, кој поради болни играчи ги одложи натпреварите од тековниот турнир, и моментално со десет бодови се на лидерското место на табелата. 

Во Првата лига лидерот Берово претрпе минимален пораз од екипата на Телеком Нец, но го задржа првото место благодарение на тоа што има натпревар повеќе од второпласираната Крива Паланка.

Суперлига (четврто коло):
Крива Паланка 2007 - Телеком НЕЦ 2 4-1
Младост 96 - Радовиш - одложена
Рисови - Младост 2 -4
Шампион ФА - Работнички 4-0

Суперлига (петто коло):
Младост - Шампион ФА 0 -4
Радовиш - Рисови 1-4
Телеком НЕЦ 2 - Младост 96 - одложена
Вардар - Крива Паланка 2007 1-4

Прва лига (четврто коло):
Кочани - Крушево 2-4
Борец Тим - Кратово 4-0
Дебар Маало - Берово 0-4
Крива Паланка - Струга 4-1

Прва лига (петто коло):
Струга - Кочани 4-1
Берово - Телеком НЕЦ 3-4
Кратово - Дебар Маало 1-4
Крушево - Борец Тим 4-2