• Александар Ковачев
На пинг-понг турнирот во Кувајт, во натпревар од второто коло, Јапонецот Мизутани Јун и Португалецот Тиаго Аполониа го одиграа се чини најдобриот поен за 2016 година.
На крајот триумфираше јапонскиот играч, но ќе остане запаметен еден поен во кој Португалецот успеваше да врати буквално сè. Во продолжение погледнете го спектакуларниот поен кој го одиграа двата пинпонгари.
Турнирот во Кувајт го освои четвртиот играч на светот Кинезот Жанг, кој во финалето со 4-1 го совлада најдобриот светски играч неговиот сонародник Ма Лонг.