• Горан Упале
Кинезите ја продолжуваат доминацијата во пинг-понгот. По вчерашното злато во женска конкуренција на Менг Чен, уште еден кинески натпреварувач се закити со најсјајното одличје на Летните Oлимписки Iгри во Париз.
Во големото финале во машка конкуренција Шендонг Фан го забележа најголемиот успех во својата кариера, откако на убедлив начин, со 4-1 славеше над шведскиот репрезентативец Трулс Морегард. Швеѓанецот подобро започна и го освои првиот гем, но потоа следуваа четири врзани на Фан за големо славје и прв олимписки медал во оваа конкуренција.
Во малото финале, поточно во борбата за бронзениот медал, славеше домашниот пинг-понгар Лебрун над Бразилецот Калдерано (4-0).