Ново кинеско пинг-пинг злато: Екипна победа без загубен поен против Германките

Кинескиот пинг-понг во состав Ли, Лиу и Динг го освои златниот медал во женска екипна конкуренција со лесна победа во финалето против Германија со 3-0, откако сите мечеви ги добија кинеските пинг-понгарки и загубија само еден сет од вкупно одиграните десет.

Во мечот за бронзениот медал Јапонија го победи Сингапур со 3-1 и се искачи на подиумот.

Така до овој момент сите златни медали на пин-понг турнирот завршија на градите на кинеските пинг-понгар(к)и.