Неверојатна приказна: Победи на ЛОИ на 61 ГОДИНА!

Олимписките игри носат неверојатни приказни, а една од нив е пингпонгарката Ни Сијалин, која верувале или не под знамето на Луксембург забележа победа на 61 година. Во првото коло на турнирот таа славеше над противничката од Турција, Сибел Алтинкаје со 4-2.

Таа на Олимписките игри настапува по шести пат и очигледно нема амбиции да застане. Сега Сијанлин дури и го носеше знамето на свеченото отворање.

Таа е родена во 1963 година и е двократна светска шампионка од 1983 година. а под знамето на малата европска земја настапува од 1991 година, во чиј дрес освои две европски круни (1998, 2002).

Ни стана најстариот победник на сингл меч во историјата на Олимпијадата. Во второто коло закажано за среда, таа ќе се сретне со првата носителка, Кинеската Сун Џингши, која е 37 години помлада од неа.