Најмладите пинг-понгари учесници на европски камп во Унгарија

Александар Јакимовски, Сара Стојановска и Лука Стојчев, придружувани од тренерот, професорот Сашко Богатинов учествуваат на пинг-понгарски камп во Унгарија. На кампот учествуваат вкупно 76 играчи од 24 европски држави. Кампот е од изборен карактер, при што врз база на оценување на играчите според однапред поставени критериуми ќе бидат избрани 20 играчи кои понатаму ќе учествуваат на понапредни кампови под покровителство на ИТТФ.

Испраќањето на Александар, Сара и Лука е само почеток на реализацијата на планот на ППФМ за инвестирање во напредокот на младите играчи, со крајна цел во иднина македонската репрезентација да биде конкурентна на натпреварувањата на ниво на Балкански и Европски шампионати.

На следниот камп, кој што ќе се одржи во Хрватска, ППФМ ќе испрати друга група на играчи. И во иднина ППФМ ќе продолжи со организирање на учество на играчи на пинг-понг кампови водени од еминентни тренери кои се признати на европско и светско ниво.