• Мартин Танасковски
По крајот на регуларниот дел од сезоната, започнуваат битките за финале во македонскиот пинг-понгарски шампионат и се очекуваат интересни дуели.
Пред плеј-офот, прилепски Младост 96 е на врвот на табелата и ќе игра против Астраион од Струмица за влез во финалето од плеј-офот.
Второпласираната Крива Паланка ќе се сретне со Телеком Нец 2 во вториот полуфинален натпревар.
Во Првата лига, шампион е скопската екипа 10 60 АС Ѓорче Петров и обезбедува директен пласман во Супер лига заедно со Крива Паланка 2007 која после само една година во понискиот ранг се враќа на врвот.
Шанса за влез во најсилната македонска лига ќе имаат Куманово и Рисови кои ќе се сретнат со Радовиш и Вардар.