• Горан Упале
ППК Крива Паланка ја одбрани титулата со победа од 4-1 во дуелот со Младост 96 од Прилеп и со тоа се здоби со титула шампион за 2024/2025 година. Со одигрување на два натпревари во финалето на плеј оф (резултат од прв натпревар 4-3) во Крива Паланка екипата го прослави овој успех.
Инаку, денеска започна World Table Tennis (WTT) Contender Skopje 2025 со најдобрите светски пинг понгари, настан кој котира високо на светската спортска мапа.
Натпреварот ќе трае до петнаесетти јуни и натпреварите ќе можат да се проследат во текот на целиот ден во спортскиот центар „Јане Сандански“, а влезот е слободен.