• Зоран Мишевски
Скопје се подготвува да ги пречека најдобрите светски пинг-понг рекети, по вторпат во историјата на македонскиот пинг-понг. Од 1 до 7 јуни во салата „Јане Сандански“ во Скопје ќе се одржи така наречениот Контендер пинг-понг натпревар од серијата World Table Tennis. На помалку од месец дена до почетокот Словенецот Дарко Јоргиќ, кој е рангиран на 14. место во светот и Сацуки Одо од Јапонија, рангирана на 12. место, се пријавени да ги одмерат силите во Скопје.
Во 2025 година за првпат се одржа натпревар од ваков тип во Скопје, а одржувањето на два последователни турнирит зборува за сериозниот пристап на македонската пинг-понг федерација. Претходно, четири пати по ред федерацијата организираше светски Контендер турнири во помалите категории.
Влезот за следење на натпреварите ќе биде слободен, а истите започнуваат во утринските часови и ќе траат се до вечерните. Во 2025 година титулата во машка конкуренција ја освои Бенедикт Дуда од Германија, додека кај жените Џиа Нан Јуан од Франција.