Над 100 учесници на 26. шампионат на Македонија во пинг-понг во Штип

Овој викенд во Штип ќе се одржи државното поединечно првенство во пинг-шонг за сениори и сениорки. Натпреварите в сабота наутро ќе започнат со квалификациите во спортската сала ,,Јордан Мијалков`.

26. државен шампионат ќе ги собере најдобрите сениори од нашата земја, како и осумте пионери и пионерки од ранг листата на ППФМ. Над 100 учесници ќе се натпреваруваат во пет главни категории: сениори, сениорки, машки двојки, женски двојкi и мешани двојки.  

Се очекува сите клубови од Македонија да ги пријават своите пинг-понгари, а финалните мечеви се предвидени за сабота попладне.