На турнир во Скопје во јуни доаѓаат светски пинг-понг ѕвезди

Светскиот натпревар од серијата World Table Tennis (WTT) Скопје 2025 ќе се одржи од 9. до 15. јуни во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје. Ова е прв настан од овој тип во организација на Пинг понгарската федерација, а Скопје ќе биде еден од неколкуте светски градови каде што овој тип на натпреварувања се одржуваат во 2025.

Од пријавените имиња може да се издвојат Дмитриј Овчаров и Бенедикт Дуда.

Претходно Скопје беше домаќин на три последователни WTT светски натпревари за младинци, а минатата година тука се одржа Европското првенство за играчи до 21 година.

Во септември ќе се одржи 4-от по ред WTT Youth Star Contender Skopje 2025.