Младост се засили со најдобриот македонски пинг-понгар Станојковски

Преодниот рок во пинг понгарскиот шампионат на Македонија е пред самиот крај, досега се регистрирани над 40 нови играчи, а од федерацијата очекуваат овој број да се зголеми бидејќи клубовите поради зимскиот распуст во училиштата не беа во можност да ги комплетираат потребните податоци за регистрација. 

Големи засилувања во Супер лигата доведе екипата на ППК Младост 96 која во своите редови за пролетниот дел од првенството ќе ги има најдобриот македонски пинг-понгар Кристијан Станојковски, како и Стефан Костадиновиќ, кој доаѓа од Србија. 

Како што информираат од федерација во следниот период најавени се уште неколку интересни засилувања по кои Суперлигата ќе биде многу поинтересна оваа пролет.