Младост и Шампион ФА лидери по неполни пет кола во пинг-понгарскиот шампионат

Денес во Прилеп се одигра третиот турнир од двете најсилни конкуренции, Суперлигата и Првата лига. Во Суперлигата агонијата на актуелниот шампион продолжува. Вардар без Станојковски во своите редови речиси е непрепознатлив и денес во рамките на четвртото и петтото коло претрпе два порази и се наоѓа на последното седмо место.

Неизвесен натпревар одиграа прилепски Младост 96 и Шампион ФА од Штип, а славеа штипјани со 4-1, но три од вкупно пет одиграни партии завршија со резултат 3-2. Неприкосновен лидер на суперлигашката табела е Младост од Прилеп, кој и денес не дозволи да загуби ни една партија, па така прилепчани имаат скор пет победи од пет натпревари и 16-0 скор на партии. 

Во Првата лига, Телеком НЕЦ 2 ја продолжи серијата без пораз и со квалитетот на играчите во екипата претставуваат најсериозен кандидат за пласман во Суперлигата. По службено загубениот натпревар Струга има серија од четири победи и се во одлична серија пред последниот турнир, кога се среќаваат со првите две екипи, Телеком НЕЦ 2 и Крива Паланка 2007.