Младост го менува тимот пред стартот на пинг-понгарската Суперлига

Суперлигашкото пингпонгарско првенство е на почетокот од октомври, но уште отсега се знае играчкиот кадар во екипата Младост од Прилеп. Според тренерот Зоран Јованоски, има многу измени во споредба со претходното првенство, во кое е освоено високото трето место.

Клубот не смета веќе на младите играчи Нико Доага, Софија Хасану, Лука Стојчев и Дамјан Стојчев, а нови договори добија искусните Зоран Јованоски и Ѓоко Јочкоски, како и младите крушевчани Теодор Волкановски и Фани Јованоска.

До почетокот на првенството Младост ќе учествува на турнирите во Берово и Скопје.