• Мартин Танасковски
Екипата на Младост 96 од Прилеп успеа да ја освои државната титула во пинг-понг откако ја доби серијата со Телеком Нец 2.
Во вториот натпревар прилепчани беа подобри со 4-3 од ривалот и така ја затворија серијата со резултат 2-0. Две партии во вториот дуел доби Србинот Ѓорѓе Борчиќ, една му припадна на Петар Костовски, додека последната беше во знакот на двојката Борчиќ/Костовски.
Тимот предводен од тренерот Гоце Тошески првиот натпревар го доби со резултат 4-1. Ова е втора титула во историјата на Младост 96.