• Зоран Мишевски
Пинг-понгарите на Младост 96, извојуваа победа и го возвратија ударот во полуфиналето на плеј-офот на Суперлигата против Шампион ФА Штип. Финалните 0-4 за Прилеп ја покажуваат разликата во квалитет. По поразот од 2-4 на домашен терен, Младост 96 го возврати ударот.
Еве ги поединечните резултати од вториот меч од финалето, игран во салата од СОУ „Димитар Мирасчиев“ во Штип:
Амелија Николов – Ѓоко Јочкоски 1-3 (11-7, 4-11, 5-11, 9-11)
Драган Ѓорѓевиќ –Ѓорѓе Борчиќ 1-3 (6-11, 11-9, 6-11, 9-11)
Филип Младеновски – Андреј Лашкоски 1-3 (5-11, 5-11, 11-3, 9-11)
Амелија Николов – Ѓорѓе Борчиќ 0-3 (8-11, 6-11, 2-11)
По овој резултат ќе се игра таканаречена „мајсторка“, закажана за 29 мај од 12:00 часот, во салата од ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“ во Прилеп.