• Горан Упале

Пингпонгарскиот вицешампион на Македонија, Младост 96 го претстави своето прво засилување за следната сезона и во својот ростер ќе има уште еден интернационалец.
Нов член на прилепскиот клуб е Ѓорѓе Борчиќ, искусен пингпонгар (35), кој треба да го донесе потребниот квалитет за тимот да го повтори историскиот успех од пред две сезони, кога за првпат стана шампион на Македонија.
Борчиќ е единствената промена во таборот на Младост 96 во однос на ланскиот тим, затоа што сите други играчи останаа во клубот – Србинот Стефан Костадиновиќ, Швеѓанецот Раиф Рустемовски, штипјанецот Петар Костовски, прилепчаните Александар Рикалоски, Антонио Стомнароски и Андреј Лашкоски.
Првенството во пинг-понгарската Суперлига на Македонија стартува на деветти октомври.