Младост 96 прв финалист во пинг-понгарскиот плеј-оф, Вардар останува во Суперлигата

Се одигра првото полуфинале од плеј-оф разигрувањето во македонската пинг-понгарска Суперлига. Младост 96 е првиот полуфиналист, а денес ќе се одигра второто полуфинале помеѓу Крива Паланка и Телеком НЕЦ.

Натпреварот Младост 96 - Астраион се решаваше во последниот меч и со резултат од 3-2 прилепскиот тим ја обезбеди победата. Оваа сезона Астраион од Струмица покажа дека не само што го заслужува местото во Суперлига, туку и со млада екипа се бори на врвот. Така му даде силен отпор на фаворитот, но не успеа да триумфира.

Вардар победи рутинирано против прволигашот Рисови и го задржа местото во најдобрата македонска пинг-понгарска лига. Телеком НЕЦ од Скопје убедливо е најдобар во Втора лига. Обезбеди директен пласман во повисокиот ранг. Второто место во оваа лига му припадна на Пелистер и ќе разигрува со Кочани за место во Суперлигата.