• Зоран Мишевски
Пред почетокот на новата сезона, македонскиот шампион во пинг-пинг, прилепски Младост 96 ја најави можност да пријави екипа за европските клупски натпреварувања.
Големи се шансите македонскиот пинг-понгарски шампион Младост 96 од Прилеп по вторпат да учествува на европската сцена. Од клубот велат дека наскоро ќе излезат пред јавноста со конечната одлука. Цело лето се зборува дека се прават напори да се оствари желбата, но сепак треба да се причека официјалниот клупски став.
Европското деби прилепчани го имаа минатата година, во Трофејот на Европа, натпреварување на на Европската пинг-понгарска унија, во романскиот град Одорхеи.
Новата сезона во шампионатот на Македонија во пинг-понг почнува во октомври.