• Зоран Мишевски
Тесни резултати и многу возбуда на првото коло од продолжението на пинг-понг сезоната. Викендов се одигра десеттото коло од Суперлигата и Првата лига, односно двете најквалитетни пинг-понг лиги во машка конкуренција. Првото коло од пролетната полусезона донесе неколку возбудливи натпревари и тесни резултати.
Со резултат од 4-3 екипата на Телеком Нец 2 го победи струмичката Астраион, а на подеднакво возбудлив натпревар Студент го победи Кочани во Првата лига.
Суперлига:
Телеком Нец 2 - Астраион 4-3
Младост - Шампион ФА 1-4
Вардар - Крива Паланка 1-4
Радовиш - Младост 96 0-4
Берово - Пелагонија 0-4
Прва лига:
Куманово - 10 60 АС Ѓорче Петров 1-4
Кочани - Студент 3-4
Берово 2 - Крива Паланка 2007 2-4
Рисови - Борец Тим 4-1
Слободен: Дебар маало
Следните две кола ќе се одиграат на деветти март.