• Зоран Мишевски

Подгорица и Црна Гора домаќини на Балканско У21 пинг-понг првенство. Теодор Кировски, Венко Стојанов и Методиј Бужаровски не претставуваа во машка конкуренција, а Ива Димитриевска, Бојана Михајловска и Ана Стојановска кај девојките.
Во четвртфиналето двете наши репрезентации беа сопрени и загубија од репрезентациите на Романија, па завршија на шестата позиција. Методиј Бужаровски загуби од третопласираниот Турчин, Јилмаз Туга. Во дубл конкуренцијата во која Теодор Кировски и Методиј Бужаровски загубија од победниците Гундуз Ибрахим и Јигенлер Абула Талха од Турција.
Најуспешна беше репрезентацијата на Турција освојувајќи ги сите злата на првенството.