Младите пинг-понгари шести на Балканското првенство во Албена

Десет млади пинг-понгари се натпреваруваа во поединечна и екипна конкуренција на Балканското првенство во Албена, Бугарија. Младите надежи настапуваа во категории до 11 и 13 години.

Највпечатлив беше настапот во машка екипна конкуренција до 11 години, каде што го освоивме шестото место, но репрезентацијата беше многу блиску до победа над Грција и влез во полуфиналето. Во поединечна конкуренција впечатлив е добриот настап на сите, а најмногу се истакнаа Јован Пармачки и Филип Цековски, кои беа на чекор до пласман во елиминациона фаза.

Репрезентацијата беше предводена од селекторот Милош Миленковиќ со асистенција на тренерите Зоран Јованоски, Јован Ковачовски и Томе Петков.

И ова првенство покажа дека Македонија има потенцијал во најмладите пинг-понгари.