Младите пинг-понгари одлични на турнирот во Ниш

Минатиот викенд во Ниш се одржа еден од серијата на турнири European Youth Series за млади пинг-понгари до 13 и до 15 години.

На овој турнир учествуваа четворица наши играчи: Матеја Смолиќ, Кристијан Каламадевски, Бојана Јовевска, Мартин Ристески.

Тие се натпреваруваа во своите годишни категории во поединечна конкуренција и во конкуренција на мешани двојки. Најголем успех направи Матеја Смолиќ која успеа да ја помине групната фаза и се пласираше на главната табела во категорија У15.

Во категорија на мешани двојки Кристијан и Матеја успејаа да се пласираат во осмина финалето.