Младите пинг-понгари блеснаа на турнирот во Скопје

Во периодот од 4 до 8 септември во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје се одржа третиот по ред светски младински турнир наречен „WTT Youth Star Contender Skopje 2024“.

На турнирот зедоа учество околу 120 натпреварувачи од земји од цел свет кои се натпреваруваа во следните категории: мажи. жени, машки двојки, женски двојки и мешани двојки со ограничување на години, помали од 15 и помали од 19 години. Турнирот беше посебно силен, како последен на кој играчите можат да собираат поени за квалификација на Светското младинско првенство што ќе се одржи во ноември во Шведска. 

Македонија ја претставија пет пинг-понгари:
1. Матеја Смолиќ - ППК Рисови
2. Моника Стајковска - ППК Зегин Берово 
3. Фани Јованоска - ППК Зегин Берово
4. Лука Стојчев - ППК Младост
5. Кристијан Каламадевски - ППК Зегин Берово.

Најдобар успех остваривме во категорија мешани двојки до 15 години, каде што Матеја и Фани со своите партнери се пласираа во осминафиналето.