Младите македонски пинг-понгари одлични на Европските првенства

Нашите репрезентативци во пинг-понг во јуниорска и кадетска конкуренција учествуваа на Европското јуниорско првенство во Малме, кое се одржа од 12 до 21 јули во поединечна категорија и категорија на двојки и мешани двојки.

У15:
Кристијан Каламадевски (ППК Зегин Берово)
Моника Стајковска (ППК Зегин Берово)
Фани Јованоска  (ППК Зегин Берово)

У19:
Лука Стојчев (ППК Младост)
Андреј Стојановски (ППК 10 60 АС Ѓорче Петров)

Кристијан Каламадевски успеа да се пласира во елиминационен дел во кадетска конкуренција, како второпласиран во група, победувајќи го играчот од Кипар, Јоанис Хаџиапостолу со резултат 3-2. Моника Стајковска и Фани Јованоска имаа по една победа во група и многу мала бодовна разлика ги делеше од главната табела.

Во игра на двојки нашиот пар Стојчев-Стојановски извојува победа над парот од Велс и Унгарија со резултат 3-2.