• Зоран Мишевски
Деновиве во хрватскиот град Осијек се одржува турнирот на Европската пинг-понгарска серија, кој е прв од овој вид, а е организиран од Европската пинг-понгарска федерација заедно со Хрватската пинг-понгарска федерација.
На турнирот се играат следните партии во следните категории: мешани тимови до 13 и до 15 години, машки и женски поединечно до 13 и 15 години и машки и женски двојки до 13 и до 15 години. На турнирот зедоа учество околу 100 играчи од 15 земји од Европа меѓу кои се и нашите репрезентативци до 15 години: Александар Јакимовски од ППК Крива Паланка, Фани Јовановска од ППК Крушево, Матеја Смолиќ од ППК Рисови и Андреј Стојановски од ППК Крива Паланка, предводени од селекторот Сашко Богатинов.
Како главен судија на турнирот е пријавена и Ангелина Иванова од Македонската пинг-понгарска федерација, која ја доби довербата од ЕТТУ да го води овој турнир.
За жал нашите репрезентативци не ја поминаа групната фаза и не се пласираа на главниот костур, меѓутоа покажаа добри резултати и играа тесни натпревари кои ги загубија со многу мала разлика.