Младиот пингпонгар Рикалоски доби помош пред квалификациите за Олимпијада

Младиот 17-годишен пингпонгар од Прилеп, Александар Рикалоски обезбеди квалификациите за учество на пинг-понг Олимпијадата. Турнирот ќе се одржи од 2 до 5 ноември во Сплит, а во конкуренцијата на 32 пингпонгари, Рикаловски ќе се обиде да се пласира меѓу најдобрите осум.

Рикалоски доби поддршка од Општина Прилеп и може да мисли само на квалификациониот турнир и што е можно подобро да се подготви. 

„Ова ми е првпат да учествувам на еден ваков голем натпревар за квалификации за Олимпијада. Му се заблагодарувам на Општина Прилеп и градоначалникот Јованоски за логистичката и финансиска поддршка. Ова е одлично искуство за мене, ново доживување. Се чувствувам доволно подготвен да се пласирам за Олимпијадата, која во 2018 година ќе биде одржана во Буенос Аирес“, изјави Рикалоски.

Неговиот тренер, Гоце Тошески се надева дека наредната година младиот Александар ќе биде испратени за Аргентина.

„Ова е првпат досега македонски пингпонгар да учествува на квалификации за Олимпијада. На квалификациите од секоја држава учествуваат по еден пингпонгар и пингпонгарка“, заврши Тошески.

Пинг-понг Олимпијада е одделно натпреварување од олимпискиот пинг-понг турнир, на кој никогаш Македонец не учестувавал.