• Горан Упале
Пинг-понгарката Менг Чен го одбрани златниот медал освоен во Токио пред три години и уште најмалку четири години ќе биде олимписка шампионка во поединечна конкуренција.
30-годишната Чен во големото финале славеше сигурна победа над сонародничката Јингша Сун со 6-4 во сетови. Сун прва поведе во финалето, но Чен со два врзани сета го презеде водството. Помладата Кинескиња со 11-9 намали на 2-2, но следуваа два сигурни сета на големата шампионка за ново олимписко злато.
Во малото финале, поточно во битката за бронзениот медал славеше натпреварувачката од Јапонија, Хајата, која со 4-2 беше поуспешна од младата Корејка Шин.