• Зоран Мишевски
Пинг-понгарска Федерација на Македонија продолжува да инвестира во капацитетот на тренерскиот кадар.
По успешно завршување на првото ниво, согласно стандардите за сертификација на светската федерација, ИТТФ1, во посета на државата е менаџерот за развој на Меѓународната пинг-понг федерација (ИТТФ) Мохамад Алтоум, кој во периодот од 18-23 август ќе го одржи семинарот за тренери. Со овој семинар ќе се изврши сертификацијата за тренери на второ ниво, ИТТФ2.
Дванаесет тренери заедно со гостинот ќе работат во Берово со финансиска и организациска поддршка од Олимпискиот комитет преку Фондот за солидарност.
По завршувањето на семинарот за тренери, гостинот од ИТТФ ќе одржи и неколкудневен тренинг камп за најмладите и талентирани играчи од државата со подршка на националните тренери.