• Зоран Мишевски
Продолжуваат проектите на Македонската пинг-понгарска федерација. Од 6 до 13 октомври Мохамед Атум од Јордан, тренер од мрежата на Меѓународната пинг-понг федерација (ИТТФ) ќе спроведе тренинг камп за 18 млади пин- понгари од Mакедонија. Кампот се одржува во Пехчево, а Атум и селекторот на македонската репрезентација Милош Миленковиќ го посетија клубот од Берово кој е еден од најмасовните во земјата.
Ова е втор тренинг камп со меѓународен тренер за само еден месец. Во септември во Скопје се одржа камп со поддршка на Амбасадата на Кина, а во рамките на China Table Tennis College.
Од 11 октомври нашите најдобри сениори, Кристијан Станојковски и Амелиа Николов, ги очекува нов предизвик - учество на Европското првенство во Словенија.