• Зоран Мишевски
Матеја Смолиќ и Јован Пармачки ги заокружуваат подготовките во Кина и имаат прилика да тренираат со најпотенцијалните пинг-понг играчи во светски рамки. Ги придружува селекторот Сашко Богатинов, за кого ова е уште едно искуство и надградба како професионалец во спортот. Кампот се одржува во градот Ченгду и ќе трае до 13 декември.
Учеството на светскиот камп е дел од соработката која Пинг-понгарската федерација на Македонија ја негува со Амбасадата на Народна Република Кина во нашата земја, а со поддршка на Меѓународната пинг-понг федерација.
На домашен терен, во Пехчево до петок младите таленти во возрасните категории до 11 и 13 години тренираат со селекторот Милош Миленковиќ и тренерот Зоран Јованоски. Избрани се четиринаесет таленти од повеќе градови и клубови. Кампот е дел од програмата на федерацијата за вложување во младите надежи и поддршка на клубовите.