Малешевска пинг-понг инвазија: Се зголемува бројот на клубови и дечиња загреани за овој спорт

Кога пред три години беше формиран пинг-понгарскиот клуб Берово од Берово, никој ни во своите најоптимистички предвидување не се надеваше дека тоа ќе биде клуб кој за брзо време ќе стани хит во македонскиот пинг-понг. Колку популарноста на пинг-понгот во Берово влијаеше во регионот покажува и формирањето на пинг-понгарски клуб во соседната општина Пехчево.

ППК Агро Милениум е името на новиот клуб, кој за разлика од ППК Зегин Берово ги нема инфраструктурните проблеми при формирањето, од страна на опрема и простор за тренинг. Исто така клубот има и спонзор кој ќе помага во развојот на клубот. Радува фактот што уште на самиот почеток клубот брои повеќе од шеесет дечиња на возраст до десет години кои се заинтерсирани да тренираат пинг-понг. 

За експанзијата на пинг-понгот како спорт во овој регион и воопшто во државата заслуга има и пинг понгарската федерација која има улога во создавање на здрава основа за развојот на овој спорт и на сите нови клубови им помага во рамките на своите можности, а пред се најголемите вложувања одат на адреса на клубовите кои работат со младите категории на играчи.
 Исто така во периодот меѓу двете сезона на списокот на пинг-понгарските клубови имаме уште еден клуб од Скопје, ППК НБА од Шуто Оризари. 

Една од целите на пинг-понгарската федерација во блиска иднина е да поттикне формирање на пинг понгарски клубови во сите општини ширум државата каде што нема пинг понгарски клубови, и вклучување на се повеќе млади играчи во рамките на сите клубови.