Македонските пинг-понгари стартуваат на Европското првенство во Љубљана

Македонските пинг-понгари ќе ги играат првите мечеви на поединечното Европско првенство, кое денеска почнува во Љубљана. Македонски претставници се Амелиа Николов и Кристијан Станојковски.

Николов е во групата 22 (има 31 група) и ќе има два меча. Денес македонската пинг-понгарка за ривалка ја има Карин Грофова од Чешка, додека утре ќе игра против Ениса Садиковиќ од Луксембург. Во третото коло е слободна.

Кристијан Станојковски е во групата 27 (има 32 групи) и ќе игра три меча. Денеска прв противник му е Евгениј Тихонов, додека утре ќе игра против Шпанецот Даниел Берзоса. Во вторник на 13.октомври ривал му е Федерико Џиради од Сан Марино.

На шампионатот учествуваат 138 пинг-понгари и 126 пингпонгарки од повеќе од 40 земји.