Македонските пинг-понгари спремни за Балканското првенство во Подгорица

Во пресрет на престојното Балканско првенство во пинг-понг за млади спортисти до 21 година, коешто ќе се оддржи во Подгорица од 2 до 6 август, нашите надежи одржуваат напорни подготвителни тренинзи. Подготовките ги започнаа со добри резултати, извојувајќи победа на пријателскиот меч против репрезентацијата на Косово.

Во наредните неколку дена, нашите репрезентативци неуморно продолжуваат со неколкудневни подготовки, a ќе одиграат и пријателски меч со пинг-понг клубот Железничар од Ниш. Целта преку овие тест мечеви е формата на нашата репрезентација да се подига пред престојното Балканско првенство во Подгорица.

Репрезентацијата ја предводат селекторите Филе Матевски и Миле Петрески, а нивните избраници за Балканското првенство во пинг-понг во Подгорица се: Теодор Кировски, Венко Стојанов и Христијан Јованов во машка категорија и Ива Димитриевска, Бојана Михајловска и Ана Стојановска во женска категорија.