• Зоран Мишевски
Македонскиот пинг-понг ќе добие стручна помош од најпознатата школа во светот. Потврдена е соработката за размена на знаење и развој на пинг-понгот во Македонија се заклучоците од средбата со новата амбасадорка на Кина во Македонија.
Претседателот на Пингпонгарска федерација на Македонија, Славко Пројкоски, и членот на Управниот одбор Горан Тиловски присуствуваа на работна средба со Џијанг Сјаојан, амбасадорката на Кина во Македонија.
Работната средба опфати разговори за зајакнување на соработката помеѓу двете држави на полето на пинг-понгот со посебен фокус на заеднички проекти, програми за млади таленти и размена на експертиза за тренери
Се разговараше и за изнаоѓање можности за учество на пинг-понгари и тренери во форма на студиски посети на Кина. Соработката ќе продолжи за поголем развој на пинг-понгот во Македонија.