• Зоран Мишевски
По три меѓународни натпревари во младинска категорија и Европско првенство во категорија до 21 година, Македонија ќе биде домаќин на уште еден голем турнир во пинг-понг. „World Table Tennis Contender Skopje 2025“ од 9 до 15 јуни 2025 година е веќе пријавен во календарот на Светската пинг-пинг федерација, објави Пингпонгарската федерација на Македонија.
Ова е уште едно големо признание за ППФМ затоа што влегува на мапата на светски натпревари во сениорска категорија.
На официјалната веб страница на Светската пинг-понг федерација денес беше објавен датумот за одржување на натпреварот и со тоа започна пријавувањето на истиот кој е отворен за повеќе од сто учесници.
Натпреварувачите ќе настапуваат во поединечна категорија, мажи и жени, во двојки и мешани двојки.