Македонската пинг-понгарска федерација примена во Медитеранската унија

Денес во Будимпешта, Унгарија, каде се одржува Светското првенство во пинг-понг, редовно годишно собрание одржа и Медитеранската пинг-понгарска Унија.

На Собранието, едногласно беше примена за рамноправен член и македонската пинг-понгарска федерација.

„Ова е голем ден за нашата федерација. Сега ќе имаме можности нашите пингпонгари да учествуваат не само на Медитеранските игри, туку и на сите други најголеми светски настани кои се во организација на меѓународните пинг-понгарски асоцијации. Ова ќе ни овозможи и за побрз развој на македонскиот пинг понг“, рече претседателот на македонската пингпонгарска Федерација, Горан Тиловски.

Македонија има четири претставници на Светското првенство во Унгарија.