Македонија во септември домаќин на голем пинг-понгарски турнир

Скопје и Македонија повторно ќе бидат домаќините на голем пинг-понгарски настан. Турнирот од светски ранг наречен WTT Youth Star Contender ќе се одржи од 4 до 8 септември во СЦ „Јане Сандански“.

Пинг-понгарската федерација на Македонија повторно го организира овој престижен натпревар, на кој се очекуваат најдобро рангираните светски играчи во категориите до 15 и 19 години. На натпреварoт пријавени се и учесници од Македонија.

На 4 и 5 септември ќе се одржат натпреварите во машка конкуренцијата. Третиот ден,  е резервиран за мешани двојки, а на последните два дена следи настапот на девојките.

Минатата година Скопје беше домаќин на еден ваков турнир, додека федерацијата во јануари годинава одржа Европско првенство во нашиот главен град.